Македонија

АХВ спроведе 1.645 инспекциски контроли за еден месец

25 Apr 2020

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 19 март до 21 април спроведе 1.645 инспекциски надзори и изрече пет глоби.

Како што соопшти Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседателка на Инспекцискиот совет, контролите биле извршени во маркети, угостителски објекти, зелени пазари, месарници и производствени објекти.

Изречени се вкупно 5 глоби и 75 казнени мерки – едукации, поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедноста на храна и уште 64 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба по кои правните субјекти веднаш постапуваа, истакна Филиповска Грашкоска.

На прес-конференција во Владата, таа информира шесте инспекциски институции во земјава од 19 март до 21 април спровеле вкупно 33.173 надзори. Поголемиот дел од нив (26.569) се од Државниот пазарен инспекторат, кој затворил 162 угостителски објекта кои не ги почитувале мерките на Владата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...