Македонија

Од денес маркетите ќе работат подолго

23 Apr 2020

Синџирите маркети од денеска имаат ново работно време, согласно намалените рестрикции за движењето, според кои полицискиот час ќе почнува во 19 часот наместо како досега во 16 часот.  

„Стокомак“ и КАМ во работни денови ќе работат од 7 до 18 часот, а во сабота од 7 часот до 14 часот. 

Истото работно време ќе го имаат и „Веро“ и „Тинекс“, со тоа што во нивните продавници има и повластени термини за пензионери - во „Веро“, термините се понеделник - петок од 7 до 11 часот и во сабота од 7 до 10 часот, додека во „Тинекс“, лицата над 67 години добиваат предност при купувањето секое утро од 7 часот до 12 часот.  

„Рамстор“ ќе работи од понеделник до петок од 8 часот до 18 часот, а во сабота - од 7 часот до 14 часот. 

Маркетите „Жито“ во работни денови ќе работат од 7 часот до 18 часот, а во сабота од 7 часот до 14 часот. Исклучок се маркетите во Скопје, кои ќе затвораат половина час претходно, односно во 17.30 часот од понеделник до петок еи во 13.30 часот во сабота.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...