„Виталиа“ донира здрава храна за социјално најзагрозените семејства преку Црвениот крст, а го исплати и данокот на добивка за 2020 година, во износ 7.002.194 денари.
Ова е навистина тешка и исцрпувачка битка, па за да го поддржиме севкупниот медицински персонал, но и другите служби, како што се полицијата и армијата, аконтативно го исплативме данокот на добивка. Секој од нас, во рамките на можностите, треба да даде конкретна помош во оваа борба, истакнуваат од „Виталиа“.
Од „Виталиа“ посочуваат дека поради вонредната состојба, посебно внимание треба да им се обрне на луѓето што се загрозени во нормални услови: Како што наоѓаме начин да им помогнеме на најблиските, така треба да најдеме начин да им дадеме поддршка и на сите што им е потребна.
Компанијата неодамна донираше заштитна опрема и комплети здрава храна за медицинскиот персонал на Инфективната клиника во Скопје, а за луѓето над 60 години, се врши бесплатна достава на здрава храна на територијата на целата земја.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.