Македонија

„Пелистерка“ доставува на домашна адреса

09 Apr 2020

Од вчера производите на македонската компанија „Пелистерка“ можат да се нарачаат по телефон, а доставата ќе биде на домашна адреса.

Од компанијата информираат дека каталогот со производи може да се најде на нивните профили на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Засега дистрибуцијата е достапна само за Скопје и за околината, но интензивно се работи и на проширување на мрежата и во другите градови.

Екипата задолжена за дитрибуција низ Скопје, е заштитена според највисоките препораки и стандарди. Апелираме повозрасните, но и сите други, да ги искористат поволностите за достава што во моментов ги нуди нашата компанија. Следуваат денови на искушение. Убавото време и подготовките за големиот христијански празник Велигден можат да бидат причина за зголемена раздвиженост, што никако не е во полза на пандемијата, велат од „Пелистерка“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...