Македонија

„Попова кула“ ги објави резултатите за 2019 година

07 Apr 2020

Винарницата „Попова кула“ ги објави финансиските резултати за 2019 година во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Од 1 јануари до 31 декември 2019 година оперативните приходи на винарницата изнесувале 51.197.000 денари, за разлика од истиот период во 2018 година, кога изнесувале 48.029.000 денари, со што забележале пораст за 6,2%.

Оперативните расходи на „Попова кула“ во 2019 година изнесуваат 49.883.000 денари и се за 2.578.000 денари повисоки од 2018 година, кога изнесувале 47.305.000 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...