Македонија

Инспектори во „посета“ на трговците поради цените

30 Mar 2020

Државниот пазарен инспекторат направи 5.155 надзори во периодот од 23 до 27 март, информира претседателката на инспекциски совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната прес-конференција во Владата.

Покрај контролите на угостителските локали, Пазарниот инспекторат ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. Во соработка со УЈП направени се 928 надзори на цените, при што кај повеќе од 60 отсто трговци е утврдено покачување на цената, особено на лимоните и соодветно е постапено.

Констатирано е дека има неосновани пријави за зголемени цени кај одредени трговци, па апелираме да се пријавуваат реални случаи, рече Филиповска-Грашкоска. 

Трудовиот инспекторат, пак, во околу 700 надзори што ги направил издал 13 решенија и 48 укажувања за работодавачи кои не ги почитувале препораките за превенција на Владата и не го организирале работењето според нив.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...