Новиот специјализиран маркет за овошје, зеленчук и здрава храна „Ти-Ди фрути“ беше отворен на 11 март во Струмица, наспроти стариот кружен тек зад ЕВН. Маркетот нуди достава до домовите, со цел луѓето да останат дома во овие моменти.
Нашата фирма „Аграр компани“ се занимава со откуп, пакување и извоз на овошје и на зеленчук во европските држави. Располагаме со сопствен центар за пакување, ладилници за одржување и возила за дистрибуција. Сакајќи да ги спроведеме искуствата од Европа почнавме со малопродажба првично во Струмица – првиот маркет го отворивме на 22 јануари, а вториот на 11 март годинава, па кога ќе се среди ситуацијата со вирусот корона продолжуваме понатаму, кон Скопје, па и кон цела Македонија, изјавија за InStore од „Аграр компани“.
Во врска со справувањето на вирусот корона, во „Ти-Ди фрути“ спроведуваат најстроги мерки за дезинфекција, како и заштита на вработените и на купувачите. За да можеме што повеќе да се заштитиме, ја понудивме услугата достава до домовите, со цел луѓето да останат дома во овие моменти и да ни дозволат ние да се погрижиме за нивниот избор на овошје и зеленчук, кој е многу важен во овој момент, истакнуваат од „Ти-Ди фрути“.
Додаваат дека и двата маркета не се многу големи по квадратура, но се доволни за дејноста што ја имаат. Тие имаат површина од околу 80 квадратни метри, плус помошен простор од околу 20 квадрати. Секојдневно се носат свежи производи, кои се контролираат во магацините и се дистрибуираат до маркетите.
Во Струмица сме одлично прифатени, што е дополнителен мотив за проширување, за да им бидеме на услуга на сите граѓани во нашата држава, заклучуваат од „Ти-Ди фрути“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.