Македонија

АХВ апелира да се почитуваат препораките од СЗО

26 Feb 2020

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува апел за максимално почитување на препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за да се спречи појавата и проширувањето на вирусот корона во земјава.

Во соопштението на Агенцијата се наведува дека со оглед на тоа што станува збор за зооноза, болест што може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло, ветеринарните друштва и граѓаните максимално да ги почитуваат препораките за заштита од можна појава и пренесување на вирусот корона преку животните и храната од животинско потекло.

СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката, да се користат различни садови и ножови при подготовка и сечкање на сурова и зготвена храна, рацете да се мијат по секој контакт со храна, при работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се преслекува и пере. Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, како и да се избегнува контакт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи.

Личната хигиена и миењето на рацете, избегнувањето на контакт со луѓе што имаат симптиоми на настинка или вирус, исто така се дел од примарните препораки на СЗО.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...