Македонија

Битолски со 10 витамини - прв јогурт со збогатен состав

20 Feb 2020

„Битолска млекара“ на домашниот пазар го понуди првиот јогурт збогатен со 10 витамини. „Битолски јогурт“ со 10 витамини е производ што е посебно корисен за децата и нивниот правилен раст и развој, соопштија од компанијата.  

Родителите постојано се во потрага по најдобриот совет, пристап до образование и квалитетна исхрана за децата. Одлуката честопати не е лесна, бидејќи има многу различни мислења и совети - што е најдобро за детето. Затоа „Битолска млекара“ долго време работеше на развој на нов производ на пазарот - „Битолски јогурт“ со 10 витамини, кој претставува проширување на портфолиото производи на веќе добро познатото „Битолско млеко“ со 10 витамини. Овој производ е наменет за задоволување на потребата од витамини кај сите возрасти, а е одличен избор за сите родители кои секогаш го бираат најдоброто за своите најмлади, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во „Бимилк“.

Новиот „Битолски јогурт“ е со 2,8% млечна маст и е природен извор на калциум, а збогатениот состав со десетте витамини ги задоволува дневните потреби кај сите возрасти, но посебно е корисен за децата во раст, појаснија од „Битолска млекара“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...