Македонија

Брендот Леона со поддршка на најдобрите студенти

27 Nov 2019

Брендот Леона го поддржа настанот LeadCo кој претставува тродневна конференција на која членовите на „АИЕСЕК Македонија“ ќе ја имаат можноста преку различни предавања, сесии и тимски активности да се стекнат со вештини потребни за оформување на еден лидер.

Исто така, тема на конференцијата се и глобалните проблеми и активно учество при решавање на истите. 

Концептот на конференцијата ја опфаќа суштината на нашата организација која се залага за вклучување на сите млади во развивање на подобро и поодржливо општество, а со самото тоа и развивање на лидерскиот потенцијал, изјави Филип Џамбазовски од „AIESEC Македонија“.

.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...