Почнува есенската распродажба во продавниците во „Веро центар“ во Скопје со попусти до 80 отсто, соопштија од компанијата.
Речиси сите продавници во „Веро центар“, вклучувајќи го и „Веро“ маркетот, од 6 до 10 ноември (од среда до недела) на потрошувачите ќе им понудат производи со цени многу пониски од редовните. Освен во сите продавници лоцирани во шопинг-молот, намалени цени ќе има и во местото за забава „Киносенс“ на вториот кат од „Веро центар“.
Како дел од WOW распродажбата, „Веро“ маркетот ќе нуди и специјални акции и промоции.
Големата WOW распродажба ја организираме по четврти пат бидејќи искуството од минатите години е многу позитивно. Потрошувачите со нетрпение ги очекуваат ваквите распродажби кои веќе станаа традиционален, препознатлив настан за „Веро центар“ и на кои може да најдат одлични производи од најразличен асортиман по неверојатно ниски цени. Дополнителен плус е што големи попусти нудат и останатите локали кои се во делот за храна и за забава, така што потрошувачите добиваат комплетно, незаборавно шопинг-искуство за целото семејство, вели Љубица Короскоска, маркетинг директор на компанијата „Веропулос“.
Менаџерскиот тим на Веро центар најавува организирање на слични акциски распродажби и во следниот период. Акцентот на овие настани, освен на понудата на најдобри цени, е ставен и на различни изненадувања наменети за сите членови на семејството.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.