Македонија

Пуштен заедничкиот граничен премин на Табановце

26 Aug 2019

Премиерот Зоран Заев и српската премиерка Ана Брнабиќ денеска го одбележаа отворањето на интегрираниот граничен премин меѓу Србија и Македонија.

Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево предвидува и заедничко управување на граничните и царинските контроли со едно застанување, One-stop-shop. Со новиот концепт, времето на минување на граница се крати за половина. Ова е последна фаза во создавањето услови за поголема размена на стоки и полесно движење на граѓаните, истакна Заев.

Според Брнабиќ, ваквиот премин ќе овозможи поттик на регионалната трговија. Поради таксите наметнати на Србија и БиХ од Косово, додаде дека Србија ќе бара алтернативни решенија во склучување билатерални договори.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...