Македонија

„Бучен Козјак“ доби диплома за партнерство со компанијата „Цхр.Хансен“

05 Aug 2019

Млекарницата „Бучен Козјак“ се здоби со диплома за партнерство со компанија со најодржив развој во светот, „Цхр.Хансен“.

Во образложението стои дека дипломата е за „активен придонес на „Бучен Козјак“ кон адресирање на најголемите предизвици во светот како што се фрлање храна, прекумерна употреба на антибиотици и одржлив развој во земјоделството“. 

На Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, во јануари годинава, „Цхр. Хансен“ беше прогласена за компанија за најодржлив развој во светот. Компанијата е основана пред 145 години во Данска. Сега работи во цел свет, како глобална био-научна компанија која развива природни решенија кои се применуваат во индустриите за храна, за фармација и за земјоделство. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...