Македонија

Винарниците ќе откупат 125 милиони килограми винско грозје

23 Jul 2019

Се очекува стабилна година во однос на приносите и квалитетот на грозјето и откуп на околу 125 милиони килограми винско грозје. 

Ова го рекоа претставници на македонските винарници на средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски. Целта е навреме да се анализираат податоците во делот на планираното производство за реколтата 2019, квалитетот на родот и откупот од страна на винарниците. Средбата, се наведува во соопштението од министерството, е дел од континунираните состаноци пред почетокот на бербата на винско и трпезно грозје,

При тоа винарниците посочија дека очекуваат целокупното произведено винско грозје од страна на индивидуалните лозари да биде откупено и согласно законските одредби ќе биде исплатено.

Извозот на винско грозје бележи пораст. Во 2018 година биле извезени 10,8 милиони килограми, а во 2017-та година се извезени 9,6 милиони килограми винско грозје. Зголемување има и во вредноста на извезено наливно и флаширано вино - девизниот прилив во 2018 година е за 10 отсто поголем од 2017 година и минатата година изнесувал над 50,7 милиони евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...