Македонија

Stobi Flips, Kibela и Витанез се супербрендови за 2017-2018 година

11 Feb 2019

Stobi Flips, Kibela и Витанез се меѓу брендовите за 2017-2018 година кои беа избрани од страна на меѓународната организација „Супербрендс“, преку избор што во Македонија се спроведува четврта година по ред.

Свечената церенонија се одржа на 7-ми февруари. 

Добивањето на овој статус  од страна на најголемиот независен арбитер во светот за добитниците значи зајакнување на позицијата на брендот на пазарот и  подигнување на уште ниво повисоко од конкуренцијата.

Освен брендови од прехранбената индустрија, ваква награда добија и компании од банкарскиот, телекомуникацискиот, медиумскиот, осигуртителниот, фармацевтскиот, туристичкиот сектор.....

За добитниците заедно одлучуваа стручниот совет на „Супербрендс“ составен од експерти за брендирање, рекламирање, маркетинг, дизајн, односи со јавност и 5.000 консументи кои гласаа преку интернет страницата на „Супербрендс“. Четирите основни критериуми за оценка се  квалитет, финансиска стабилност, различност и емотивна поврзаност со корисниците

Ваков избор се прави во сите 93 земји во кои е присутен „Супербрендс“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...