По повод 13. роденден, „Рамстор“ – Македонија во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, дарувај крв“.
Дарувањето крв е должност на секој човек, а како компанија даваме огромно значење на општествено одговорните активности што додаваат вредност на општеството во кое живееме, изјави Ајхан Узун, генерален директор на „Рамстор“ – Македонија.
Како што истакнуваат од компанијата, „Рамстор“ со вработените ќе продолжи да се вклучува во слични општествено одговорни проекти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.