Македонија

Промовирана монографијата „60 години Витаминка“

22 Jan 2019

Бидете амбициозни, трпеливи, упорни, барајте пазари низ светот - ова се пораките за успешност што ги прати Симон Наумоски, претседател на одборот на директори на АД „Витаминка”, од промоцијата на монографијата „60 години Витаминка” што се одржа во просториите на Стопанска Комора на Македонија. 

Бранко Азески, претседател на Комората, ѝ посака на „Витаминка“ уште долго да изненадува со нови нови успеси. 

Стопанската комора на Македонија за еден месец слави 97 години, „Витаминка” 60 години, додека господинот Наумоски 44 години на чело на компанијата. Тој има и  одличен наследник во Сашо Наумовски, кој ќе ја продолжи семејната традиција. Ова им го посакувам на сите компании во Македонија во наредниот период, во таков континуитет да го препознаваат своето успешно работење, работата на бизнис заедницата и своите поколенија активно да ги вклучат во работење во своите компании, затоа што тоа е иманенто за овој систем во кој што живееме денеска, рече Азески.

Наумовски раскажа за тешкотиите и предизвиците низ кои минал низ минатите децении, при што им се заблагодари на својот тим и на својата сопруга за поддршката. Тој уште им порача на младите стопанственици да не влегуваат во подрачје каде не им е познато додека не го научат добро пазарот за да не се „изгорат”.

Монографијата „60 години Витаминка” е напишана од прилепскиот новинар Тачко Локвенец. 

„Витаминка” како фабрика за мелен црвен пипер е формирана во 1956 година и 18 години подоцна, во 1974 година, со одлука на управувачкиот кадар се трансформира во прехранбена индустрија. Денеска „Витаминка” може да се пофали со лидерска позиција на македонскиот пазар во повеќе сегменти од категоријата прехрана, со помош на 600 вработени лица преку успешната приказна со над 50 брендови.

„Светот на вкусови” е пласиран во преку 30 земји, меѓу кои и државите од регионот, Европа,  Америка  и Австралија. „Витаминка” 60 години по основањето е на македонскиот пазар со 14 производни линии во сегментите: чоколадо, чаеви, супи, прашкасти производи, зачини, кексови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...