Македонија

Пораст на извозот на „Виталиа“

05 Sep 2018

Компанијата „Виталиа" оствари пораст на извозот за 15% во првите 8 месеци годинава, во споредба со истиот период минатата година.

Како што информираат од компанијата, порастот се бележи на извозот на поширок асортиман производи, особено протеински, безглутенски и производи без шеќер. Освен тоа, бројот на вработените е зголемен за 25%, а продолжуваат и континуираните инвестиции во процесот на производство.

Домашниот пазар е мал за производствените компании што се стремат кон континуиран пораст и развој, па затоа тие мора да се насочат кон странските пазари. До 2025 година, имаме амбициозна цел двојно да го зголемиме извозот, односно тој да достигне повеќе од  95% од вкупниот промет на компанијата, се наведува во соопштението на „Виталиа".

Производите на „Виталиа", која годинава го прославува 25-годишниот јубилеј, се извезуваат во повеќе од 55 земји, на 5 континенти. Брендот Vitalia е присутен на полиците на голем број светски трговски синџири: „Ошан", „Теско", „Кауфланд", „Метро", „Била", „Веропулос", „Карфур", „Шпар", „Меркатор", „Конзум", „Делез", „Хол фудс" и dm, како и на е-платформата на „Амазон".



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...