Министерството за економија распиша повик за субвенционирање на компании за сертифицирање на ХАЛАЛ систем.
Според повикот, Министерството ќе финасира 70 отсто од докажаните трошоци направени за оваа намена, но не повеќе од 200.000 денари поединечно.
За овој вид субвенции Министерството издвои 2.200.000 денари кои ќе бидат потрошени според правилото „прв дојден прв услужен".
Право на учество на јавниот повик имаат сите активни фирми со седиште во земјава кои работеле најмалку шест месеци пред објавувањето на јавниот повик и ги имаат подмирено сите обврски кон државата и вработените.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.