Фондот за иновации и технолошки развој ги додели првите грантови на 79 микро, мали и средни компании, меѓу нив компании-добитници од FMCG-секторот се: „Кодинг-Горска", „Лион", „Нелкоски органик фуд", „Јаболчело", „Омега рисрч" и „Виталиа".
На јавниот повик што го распиша Фондот за иновации и технолошки развој, на 79 микро, мали и средни претпријатија им беа доделени грантови со вкупна вредност од 10,5 милиони евра.
Компании од FMCG-секторот добитници на грантови се: „Виталиа" за проектот „Сурова храна - Иднината на здравата исхрана", „Кодинг-Горска" доби грант за воведување нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола, „Лион" за здравствен производ „FIT ME!", „Нелкоски органик фуд" за производство на путер од органски лешници, „Јаболчело" за нов производен процес за иновативна палета на производи - смути и „Омега рисрч"доби грант за проект за исклучителна иновација во областа на жива и органска козметика за нега на кожа, базирана на иновативна биотехнологија.
Особено сме горди што со овој прв инвестициски бран ќе се отворат нови 245 работни места каде просечната плата ќе изнесува околу 800 евра, а со денешните договори кај компаниите ќе се отворат нови 85 работни позиции, истакна тој.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.