Македонија

„Макпрогрес“ на „Summer Fancy Food Show“

10 Jul 2018

Македонската компанија „Макпрогрес" се претстави на еден од најважните саеми од прехранбената индустрија во САД – „Summer Fancy Food Show", кој се одржа од 30 јуни до 2 јули во Њујорк.

 

Како што соопштуваат од компанијата, изложените производи од брендовите Vincinni, Natura, Donia и Fantasia предизвикале голем интерес меѓу посетителите, особено традиционалниот деликатес – новите локуми Donia.

Сите изложени производи беа повод за бројни остварени средби со дистрибутери од цел свет и за потенцијални контакти за пласман на нови пазари, изјави Јасмина Илиева, извозен менаџер во „Макпрогрес".

„Summer Fancy Food Show" е најголемиот саем за прехранбената индустрија, како и еден од најважните настани каде се претставуваат иновациите од индустријата. Во бројки, на 360.000 квадратни метри изложбен простор се претставуваат 80.000 прехранбени производи и пијалаци од 2.600 производители, увозници и дистрибутери. Настанот се реализира низ богата програма, едукативни семинари, работилници и тури, кои обезбедуваат детална обука предводена од индустриски експерти.

Посетата на саемот открива многу иновации и продукти, создава клучни бизнис-конекции и создава слика за трендовите на храната во иднина. Но, да се биде изложувач на саемот и да се претстави тоа што сте го работеле со тимот години наназад, значи многу повеќе. Значи дека сте рамо до рамо со светските играчи во индустријата, дека вашето производство е одобрено на различни сертифицирани нивоа и вреди да биде претставено пред светската јавност. Горди сме што „Макпрогрес" беше дел од ова доживување, истакна Билјана Траjкова, извозен менаџер во „Макпрогрес".



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...