Македонија

Продажба на алкохолни пијалаци во секое време

09 Jul 2018
Алкохолни пијалаци може да се купат во кое било време, откако стапија на сила законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите.
 
Пред десетина дена во Собранието со 62 гласа „за” пратениците гласаа за измените на Законот за трговија.
 
Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци, иако Стопанската комора на Македонија, која беше иницијатор на законските измени, бараше и тие да бидат укинати.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...