Македонија

Бислимовски: Пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат струја на слободниот пазар

20 Jun 2024
 
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар и оти не смеат да бидат снабдувани од „ЕВН хоум“.
 
Големите пекарски компании во државата, кои обезбедуваат најголем дел, односно над 90 проценти од потребите за леб, мора да одат на слободен пазар на електрична енергија. Тие никогаш не биле снабдувани од универзалниот снабдувач, изјави Бислимовски, на новинарско прашање на прес-конференцијата.
 
По изјавите на Бислимовски се огласи Претседателот на Агрокомората Горан Ѓорѓиевски според кој струјата е само еден импунт што учествува во финалниот производ, а цената на лебот зависи од голем број фактори. Како најбитен го потенцираа човечкиот, кој недостига во Македонија. Платите се сериозно зголемени, така што секоја компанија ќе си направи анализа и ќе си формира цена.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...