Новите производи на Млекара АД Битола, Oaza, претставуваат алтернативни, посни напитоци од овес и бадем и се резултат на континуираното истражување, развој и стремење кон иновации, како и одговор на потребите на современиот потрошувач.
„Бимилк“, по повеќе од 70 години постоење, првпат влегува во категоријата на растителни напитоци. Со лансирањето на ова портфолио компанијата се издвојува од останатите во млечниот сектор бидејќи за своите потрошувачи, а и за оние кои се на посебна исхрана, сега нуди алтернативни напитоци од бадем и овес.
Производите од брендот Oaza се направени со најквалитетни состојки, богатство од витамини и минерали кои се важна поддршка за балансирани оброци. Се истакнуваат со висока содржина на калциум и витамини Б2, Б12 и Д2, не содржат лактоза, овозможувајќи алтернатива за сите оние кои бараат производ без оваа состојка, соопштуваат од „Бимилк“
Според компанијата, иновациите се клучен дел од нивното работење и произлегуваат од секој сегмент од работата на „Бимилк“. А новите производи претставуваат исклучително важен чекор за одржување на водечката улога во млечната индустрија во земјата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.