Вчера (18 декември) „Рамстор“ – Македонија го отвори новиот маркет во скопската општина Карпош, лоциран на улицата Орце Николов, бр. 186.
Како што информираат од компанијата, во модерно дизајнираниот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени свежо овошје и зеленчук, свежо месо, топол леб и пекарски производи, како и повеќе од 5.000 други производи.
Големиот број промоции, продажни акции, подароци и гратис-производи го одбележаа отварањето на овој маркет, а ќе траат до 27 декември. Освен големите попусти, потрошувачите можат да ја искористат и клуб-картичката Рамстор за дополнителни бенифиции при купувањето, соопштуваат од компанијата.
Од „Рамстор“ најавуваат дека и следната година ќе го продолжат инвестицискиот пораст и развој во земјава, преку нови активости и отворање нови маркети.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.