Македонија

Солидарниот данок го платиле 130 компании, биле наплатени 2,3 милијарди денари

09 Nov 2023

Од 130 компании биле наплатени 2,3 милијарди денари по основа на данок на солидарност, заклучно со 8 ноември.  

Најголем износ, од 257,3 милиони денари, биле уплатени од една скопска компанија чија  дејност е леење челик и која за 2022 година имала вкупен приход 11,3 милијарди денари.

Обврската да го платат данокот на солидарност ја имаат 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, со вкупен износ  3,029 милијарди денари. Дваесет и шест компании сѐ уште не ја подмириле обврската и вкупно должат 726,6 милиони денари, и покрај рокот што им е даден од Управата за јавни приходи.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска на брифинг со новинарите денеска соопшти дека речиси половината од компаниите што не ја исполниле обврската се од Скопје, а останатите се од Неготино, Струмица, Гевгелија, Делчево, Битола, Прилеп, Чучер Сандево, Гостивар, Слупчане, Желино, Охрид.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...