Во годината кога прославува 30 години постоење, „Виталиа“ го најави настанот кој ги спојува световите на здравата исхрана, физичка активност и многу забава! На 24 септември во Градскиот парк во Скопје со почеток од 12 часот ќе се одржи првата Виталиа Детска трка, ветувајќи незаборавно искуство за младите атлети од 6 до 14 години.
Како најава за главната трка во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржат уште четири помали настани за подготовка во Битола (02.09.2023), Охрид (09.09.2023), Градски Парк (16.09.2023) и парк Авионче – Аеродром (20.09.2023).
Целта на оваа трка е да ги активира децата и да им ги покаже придобивките од стекнувањето на здрави навики уште од најмала возраст. Дополнително, на денот на трката, „Виталиа“ ќе приреди неверојатна лотарија, каде што децата учесници имаат можност да освојат награди: од велосипеди до ролери, електрични скутери до други изненадувања.
Децата се нашата иднина, а негувањето на нивниот сеопфатен развој е наша одговорност. Виталиа Детска Трка е одраз на нашата посветеност да ги зајакнеме децата со знаење дека изборот на здрава храна и останувањето активни се темелите на здравиот живот, изјави Искра Ветаџокоска-Муцунска, генерален менаџер и косопственик на Виталиа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.