„Малиќи груп“ неодамна ја отвори својата нова компанија во Албанија, „Агмам груп“, чија основна дејност е увоз и дистрибуција на добра меѓу кои и едни од најпознатите светски брендови на алкохолни пијалаци како Johnnie Walker, Gordon's, Smirnoff, Tanqueray, Baileys, Guinness и Captain Morgan.
Отворањето на нов пазар значи чекор повеќе од тоа што сега го работиме. Убедени сме дека новоотворената компанија „Агмам груп“ во Албанија која ќе се занимава со увоз и дистрибуција на разни производи, меѓу другото ја има и привилегијата да продолжи успешно да работи на промоција и продажба на брендовите на „Дијаџо“, исто како тоа што го прават „Гемак“ во Македонија и „Гекос“ во Косово, вели Душан Марковиќ, корпоративен маркетинг и ПР директор во „Малиќи“ групацијата.
Тој додава дека ова проширување на операциите со овој реномиран партнер во регионот е воедно и потврда за растот и успехот на Гемак кој почна пред речиси 30-тина години.
Сите овие компании, „Гемак“, „Гекос“ и „Агмам груп“, работат под капата на „Малиќи груп“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.