Македонија

Фондот за иновации додели 300.000 евра на 13 компании

28 Jul 2023

Фондот за иновации(ФИТР) додели 300.000 евра за дигитална трансформација на 13 компании од секторите храна, земјоделство и туризам. Тоа е во рамки на партнерството со програмата за зголемување на вработеноста на пазарот на Швајцарската агенција за развој и соработка и INNOFEIT-DIH. 

Директорот на Фондот, Фестим Халили, вели дека со ваквиот тип на кофинансирање, локалните компании имаат поголема можност да ја извезуваат својата стока во странство.

Изработивме јавен повик во кој се инкорпорирани секторите туризам, земјоделство и прехранбена технологија, кои ги сметавме како приоритетни сектори на овој повик со цел да ги дигитализираме нивните процеси и подобри услуги за клиентите, граѓаните и за зголемување на конкурентноста и ефикасноста на компаниите од нашата земја, изјави Халили.

Изборот на 13 компании од 42 што се пријавија за овој грант не беше лесна задача, вели Тања Георгиевска од Швајцарската агенција за развој и соработка, но нагласува дека изборот бил транспарентен и праведен.

ФИТР очекува да добие акредитација во Зелениот климатски фонд на ОН.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...