Македонија

„Макпрогрес“ до 2030 година ќе инвестира 16 милиони евра во нови капацитети и производи

21 Jul 2023

Компанијата „Макпрогрес“ со новиот развоен план планира до 2030 година да инвестира 16 милион евра во развој на нови капацитети и иновативни производи. Со планот за инвестиции во последните осум години се вложени 16 милиони евра.

Ќе очекуваме и понатаму поддршка од државата, особено според Законот за инвестицвии, бидејќи тоа е мотивација плус, за да можеме да влеземе во такви инвестициски циклуси, а се надевам дека кога ќе се отворат и европските фондови допонително преку нив да можеме да инвестираме во автоматизација и во креирање подобра работна средина и подобри производи, изјави директорот на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов. Како потешкотија во развојот, со којa се соочуваат компаниите, беше нагласен недостигот од квалификувана работна сила, а потребата од стручен кадар во „Макпрогрес“ се обезбедува преку обука во сопствениот развоен центар и академија.

Во посета на компанијата од Виница, која е корисник на државна финансиска помош во рамки на Законот за поддршка на инвестициите на домашните компании, беше вицепремиерот Фатмир Битиќи. Цветанов го информираше вицепремиерот Битиќи дека „Макпрогрес“ располага и со центар за обука за истражување и развој, како и со лаборатории за сензорна анализа и креативно пакување.

Со „Макпрогрес“ потпишавме договор за финансиска поддршка на инвестиции за четиргодишниот инвестициски циклус 2018 – 2021 година, преку кој на оваа компанија, која влезе во инвестиција од над 215 милиони денари, ѝ исплативме околу 37,5 милиони денари државна помош, од кои над 14 милиони денари за технолошки развој и истражувања. Компанијата креира можности за вработување и развој на вештини во корист на младите во овој регион. Само во источниот плански регион, во 2022 година поддржавме 57 компании, при што вкупно исплатената финансиска поддршка е над 205 милиони денари. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме домашните компании за внесување иновации и поголема конкурентност на меѓународните пазари со што ги развиваме за да креираат нови работни места, изјави Битиќи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...