Македонија

Горска: Треба да се работи на едукација

26 Apr 2023

На средината од минатата година на македонскиот пазар се појави пивото Зелен Цар, премиум светло пиво со екстракт од семе од коноп на компанијата „Горска“.

Разговараше: Данче Драгиноваdanche@instore.mk

Колку македонските потрошувачи се свесни за постоењето на производите од коноп и за придобивките од канабисот и канабиноидите?

Нивото на информираност на македонските потрошувачи е многу ниско во однос на придобивките од канабисот. Сметаме дека треба многу повеќе да се работи на едукација на јавноста.

Зелен Цар го пласирате во маркетите и онлајн. Каков е односот на продажбата на пивото во физичките продавници во споредба со онлајн-продажбата? Како овој производ може да биде повидлив на полиците во маркетите?

Онлајн-продажбата на Зелен Цар е во фаза на развој поради тоа што е нов производ со кој потрошувачите сè уште се запознаваат. Како резултат на тоа, ова пиво се продава многу повеќе во маркетите. Најголема улога за поголема видливост на полиците имаат маркетите, кои треба да обезбедат дополнителен простор, позиција и одобрување за поставување рекламен едукативен материјал со повеќе информации за ваков тип производи.

Што би издвоиле како најголем предизвик и пречка за помасовно прифаќање и зголемена потрошувачка на овој тип производи? Што сметате дека како производител можете да направите во таа насока?

Ставот на „Горска“ е дека за помасовно прифаќање и зголемена потрошувачка на ваков тип производи потребни се повеќе продажни промоции, дегустации и едукација за придобивките од консумирање производи со канабис.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...