Владата ќе ги замрзне цените на хигиенските производи. Ова ќе значи одредување на највисока цена по која може да се продаваат продуктите. Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи дека станува збор за тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелени за деца и возрасни, хигиенски влошки.
Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои биле во трговија во мало на 20 март оваа година.
Од периодот од 1 март до 24 март 2023 год, цената на тоалетната хартија се движела од 94,8 до 205 денари и на оваа цена кога ќе се пресмета и ДДВ би се движела од 111,8 денари до 241,9 денари, а главно повеќе од сите овие производи повеќе од 85% се увезени во нашата држава. За влажни марамици во просек цената се движела од 94,6 денари во јануари, 94,5 во февруари и 83,2 денари во март 2023 година каде имаме царинска ставка ОД 6% И не е вклучено ДДВ. За пелени цената се движи 36 денари по парче до 1600 ден по кутија со бројни пакувања и тука не е вклучено ДДВ, изјави Бектеши.
Тој кажа дека Владата е подготвена да се откаже од ДДВ-то за овие производи, но за тоа треба да одлучи Собранието. Зошто го напоменувам ДДВ, за жал во собраниска процедура од 12 месец имаме законско решение за овие производи да се решат дадолгорочно во делот на намалување на ддв од 18 на 5% и ден денес не е свикана комисија за финансирање и буџет се со цел да се усвои тоа законско решение, додаде министерот
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.