Компанијата „Атлантик ДООЕЛ“- Скопје покрена донаторска акција наменета за Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле.
Акцијата ќе се одвива од 1 април до 31 април. Притоа, компанијата од секое продадено парче тестенини од брендот Marcella ќе донира по 1 денар за подобрување на условите за лекување на децата во Институтот „Козле“.
Тестенините од брендот Marcella можат да се купат во сите продажни објекти ширум државата и секој кој сака може да стане дел од оваа хумана активност, известија од „Атлантик ДООЕЛ“ - Скопје.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.