Македонија

(ГАЛЕРИЈА) dm ја отвори реновираната дрогерија во „Скопје сити мол“

24 Feb 2023

По речиси еден месец, вчера (23 февруари) dm ја отвори реновираната дрогерија во трговскиот центар „Скопје сити мол“.

Со ова dm покажа дека е компанија што секогаш се труди на купувачите да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување, соопштуваат од „дм дрогерие маркт“.

Реновираната дрогерија се простира на 330,82 квадратни метри продажен простор, 63,79 квадрати магацински простор и 19,22 квадратни метри помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории производи и е инвестирано во нова опрема, со која, како што истакнуваат од компанијата, ќе се подобри искуството за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на дрогеријата.

По повод реотворањето на дрогеријата во „Скопје сити мол“, dm донира 262.000 денари за набавка на спирометар за Асоцијацијата за цистична фиброза. 

Со понуда од повеќе од 14.500 производи, dm важи за место каде може да се најде „сѐ на едно место“ од сегментот на нега и убавина, природна козметика, органска храна, лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња. dm ја потврди позицијата на најголем понудувач на сопствени трговски брендови на пазарот, со понуда од речиси 4.700 производи. Веќе препознатливите брендови како Balea, alverde, dmBio, babylove и Denkmit и други се со идентичен квалитет во сите 14 земји во кои dm работи, се наведува во соопштението на компанијата.

Gallery: dm - Skopje City Mall



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...