Македонија

„Рамстор“ и Балканскиот универзитет организираат помош за граѓаните погодени од земјотресот

08 Feb 2023

„Рамстор“ во соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет организира хуманитарна  акција за помош на граѓаните погодени од силниот земјотрес кој ја зафати Р.Туркије со епицентар во Кахраманмараш, со поставување на кутии за донација во повеќе локации  како што се: ( „Рамсторе“ маркетот во „Рамстор мол“,„Рамстор“ во „Капитол мол“, „Рамстор“ во „Сити мол“, „Рамсторе' во Чаир, Водно, Тетово во „Палма мол“, Карпош и Гостивар.

Сите заинтересирани граѓани можат да ги достават своите донации во обележаните кутии за донација во било која од горенаведените локации почнувајќи од денес па се до петок  до 22 часот.

Потребни и најнеопходни средства за донација се:

-ракавици
-капи
-монтки
-јакни
-чизми
-хигиенски средства за чистење
хигиенски влошки
-пелени
-бебешка храна
-влажни марамчиња
-перници
-јоргани
-Перници
-ќебиња
-конзервирана храна

Донацијата ќе биде доставена до АФАД Туркије  (Центар за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Туркије). Тимот на „Рамсторе“ е во постојана комуникација со надлежните служби и институции и како општествено одговорна компанија ќе продолжиме да придонесуваме се што е потребно за оние на кои што им е неопходна помош, соопштија од „Рамстор“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...