Македонија

Зголемување на платите од 32 до 52 отсто за повеќе 200 вработени во dm дрогерие маркт

07 Feb 2023

Со цел да ги ублажи последиците од општото зголемување на цените на пазарот, компанијата dm дрогерие маркт ги поддржа своите вработени со зголемување на бруто - платите од 32 до 52 отсто. Повеќе од 200 вработени, почнувајќи од јануарските исплати на платите, добија поддршка и благодарност за вложениот труд преку зголемени примања.

dm дрогерие маркт првите дрогерии во Македонија ги отвори во 2012 година. Денес е присутна со 23 дрогерии во 10 градови низ Македонија и важи за компанија што секогаш вложува максимални напори на своите вработени и на нивните семејства да им обезбеди подобри услови за живот и работа преку различни можности. Овозможува и други придобивки за вработените, како 14 плати во текот на годината, проширени здравствени систематски прегледи, ваучери за приватни здравствени прегледи, бесплатни курсеви по германски јазик, како и редовни обуки и семинари достапни во текот на целата година.

Покрај овие многубројни придобивки, секој вработен во текот на годината добива и дополнителни стимуланси во форма на ваучери за пазарување. Ова се само дел од инвестициите што компанијата ги реализира во текот на годината, а чија цел е да обезбеди поголема стабилност и можности за напредок на своите вработени.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...