Ќе поевтинат прехранбените производи, но поевтинувањето ќе биде од 7 отсто до 12 отсто, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Според него, не е точно дека нема намалување на цените на производите и дека некои производи кои не се намалени не се наоѓаат во групата на производи кои треба да поевтинат.
Затоа, кога кажуваме од 7 отсто до 10 отсто, да не очекувате 40 - 50 отсто намалување, тоа не е возможно да се случи моментално. Ние сме кажувале во континуитет дека тоа намалување ќе биде од 7 отсто до 12 отсто. Проверете ги цените колку биле претходно, проверете ги новите достави што се даваат од домашните производители кон супермаркетите низ државата и ќе видите дека трендот се случува. Дополнително ќе се случи и од други производители откако ќе им завршат залихите, изјави Бектеши.
Министерот и владата се договорија со производителите на храна да ги намалат цените за најмалку 10 отсто откако ќе добијат поевтина струја од 1 декември. Но, како што кажа Бектеши, тоа нема да се случи моментално. Во Македонија инфлацијата изнесува скоро 20 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.