Македонија

Пазарниот инспекторат од денес во засилени инспекции во маркетите

01 Dec 2022

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ја има целата листа на компании од прехранбената индустрија кои од денес ЕСМ ќе ги снабдува со струја по пониска цена. Согласно тоа, инспекторатот ќе врши засилени контроли во маркетите каде што наскоро основните прехранбени продукти треба да се продаваат по намалени цени, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Од денес производителите на основните прехранбени производи кои се офатени во владината мерка за субвенционирана струја, треба да почнат да им нудат на маркетите нови, намалени цени за основните прехранбени производи.

Ние ги проверуваме цените при увоз спрема царинската управа. Според тие цени при увоз и дополнителни цени при транспорт и слично, Пазарниот инспекторат знае колкава би требало да биде финалната цена која е изложена на рафтовите во маркетите. Затоа очекувам засилени контроли. ДПИ ја има целата листа на компании кои ќе бидат субвенционирани во делот на електричната енергија и дополнително на тоа големите маркети треба да ги менуваат цените на производите, изјави Бектеши.

Тој ги граѓаните доколку забележат дека цените на основните прехранбени производи во маркетите не се намалени или ако се злоупотребени од некои трговци,  да пријават во Државниот пазарен инспекторат.

Субвенционираната цена на струјата за компаниите од прехранбената индустрија треба да обезбеди пониски цени на основните прехранбени производи во маркетите. Според најавите од Министерството за економија, намалувањата на цените на овие продукти ќе се движат од пет до 13 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...