Македонија

Шеесетина винарии ќе се претстават на 6 Вински салон „Винодонија“

23 Nov 2022

Можност за дегустација на вина од околу 60 винарии, со импресивна бројка од над 450 етикети на вино ќе понуди шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, кој годинава ќе се одржи во петок и сабота во хотел „Мериот“ во Скопје.

Според организатортите, „Винодонија“ стана традиција која ја негува винската страст, промовира добри вина, едуцира и со години ја потврдува и својата цел – подигнување на винската свест и развој на нашата винска култура.

За двата дена на „Винодонија“ ќе се одржат работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизвиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“.

Гостите што за својот викенд – избор на 25-ти и 26-ти ноември ќе ја посетат „Винодонија“ ќе имаат можност за нови вински информации, директно од енолозите и луѓе вклучени во производството на вино, со што ќе се запознаат најновите стилови и трендови во оваа индустрија. Се разбира, виното со својата уникатност се надополнува со добрата храна: во рамките на салонот ќе можат да се вкусат и гастрономски деликатеси од околу 15-тина гастрономски брендови од Македонија, најавуваат организаторите.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...