Во насока на градење на винската култура и традиција и со цел промоција на македонското вино, викендов се одржа Фестивалот на младо вино во винарската визба „Тиквеш“.
Ова е 13 издание на Фестивалот на младо вино, кој од година во година привлекува сѐ поголемо внимание во земјава и регионот. Бројни гости, соработници и партнери на винарницата од земјава, регионот и светот, викендов имаа можност да ги дегустираат младите вина од повеќе сорти од бербата 2022 година.
Годинава, Фестивалот на младо вино се одржа под мотото „За виното, во хармонија со природата“, означувајќи го процесот на зелена и дигитална трансформација на ВВ „Тиквеш“ во прва зелена винарница во регионот.
На настанот беа промовирани и бројните проекти на кои работи „Тиквеш“, а кои се во насока на градење на иновативни, дигитализирани и одржливи решенија во процесот на производство. Користењето на обновливи извори на енергија, системот за управување со отпадни води, дигитализирањето на процесите на одгледување на лозови насади, полесната амбалажа со цел намалување на емисијата на CO₂ и органското производство се само дел од проектите кои ќе може да ги применат и други помали винарници и земјоделски производители.
На Фестивалот на младо вино гостите имаа прилика да ги пробаат вината од последната берба, да уживаат во добра храна и музика и да донираат во хуманитарни цели.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.