Денес на сметките на 6.396 млекопроизводители се исплатени вкупно 153.224.548,00 денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците март, април и мај 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.
Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со финансиската поддршка за млекопроизводството како државен стимул за постигнување на повисока цена на млекото како основен производ и оддржување на благосостојбата во сточарството како сектор кој има голем удел во земјоделството и македонската економија, изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.