Македонија

Николовски: Двојно е зголемено производството на сончоглед за масло за јадење

12 Sep 2022

Годинава двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според министерот, тоа во голема мера се должи на успешната политика на субвенции за земјоделците, која беше воведена по енормното поскапување на зејтинот во маркетите.

Политиките што се воведоа на почетокот на годината се еден од примерите и фундаменти нa овој концепт, при што вкупните субвенции по површина сончоглед, фармерите и производителите може да ги добијат доколку го предадат сончогледот кај регистрирани преработувачи. Целта е да финансираме сончоглед што ќе служи како суровина за масло зa јадење, а ќе ги користиме и капацитетите на нашите домашни преработувачи кои имаат капацитет и кои увезуваат, изјави Николовски.

Како што рече, станува збор, за двојно зголемено производство – површините со пролетната сеидба се околу 6.000 хектари. Николовски додаде дека се очекува повеќе од 10.000 тони сончоглед, што значи удвојување на производството за краток период и покривање на две месечни потреби на државата од увоз на сончоглед.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...