Поради големото невреме што го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме во деновите што следуваат, организаторите на „Пиволенд 2022“ го преместија датумот за почеток на пивскиот фестивал.
Новиот датум за почеток на „Пиволенд 2022“ ќе биде од 3 септември (сабота), а настанот ќе трае до 7 септември (среда).
Како што информираат организаторите, промената во датумот довела и до промена на програмата кај музичките изведувачи.
Годинава „Пиволенд“ ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови пиво и забава. Средствата од продадените брендирани маички и кригли ќе бидат наменети за здружението „Во мојот свет“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.