Од понеделник во 7 часот ќе бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип и обратно.
Како што информираат од Јавното претпријатие за државни патишта, на наплатните станици целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина.
Првите две ленти од десно се за возилата што користат електронски уред М-таг, со кој се поминува со намалување на брзината на движење, без запирање на возилото. На другите ленти освен наплата во готово, може да се употреби и картичката М-смарт како електронски уред за наплата на патарина, соопштуваат од Јавното претпријатие за државни патишта.
Наплатните станици Преод и Кадрифаково имаат по седум наплатни кабини.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.