Македонија

Производителите на пченица бараат повисока откупна цена

28 Jun 2022

Земјоделците бараат откупната цена за пченицата да се движии од 20 до 22 денари за килограм, но исто така бараат да добијат и дополнителни субвенции од Министертсвото за земјоделство пред почетокот на есенската сеидба. Од Асоцијацијата на земјоделци на Македонија потенциираат дека ако среде откуп се зголеми цената на лебот, тие ќе веднаш ќе бараат и повисока цена за пченицата.

Ако од 1 кг. брашно се произведуваат 3 векни на леб околу 120 или 130 денари чини еден килограм брашно. Тоа значи ако 40 денари е лебот, 40 денари оставаме за преработувачите, односно млинарите и 40 денари остануваат за нас како производители на пченица. Тоа значи од откупувачите и производителите на леб на добиваме ние од нив авансно плаќање на пченицата, како вештачки ѓубрива, нафта и друго. Затоа што ние работиме и за ние да заработиме, но и тие да заработат, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјоделци.

Земјоделците очекуваат родот да се движи околу 4 тони по хектар. Родот бил просечен затоа што немале пари навремено да ја наѓубрат пченицата.

Годинава се очекувало домашна пченица од над 255.000 тони, исто како и лани, а потребните дополнителни количини ќе се увезувале. Според министерот Николоски во моментов сите сили биле насочени кон тоа Македонија да стане што е можно помалку увозно зависна за стратегиските култури, да го одржиме и пред се да го зголемиме домашното производство.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...