Македонија

Преку 30 награди за македонски вина на еден од најпознатите вински натпревари во светот

17 Jun 2022

Повеќе од 30 награди за македонски вина на Decanter World Wine Awards 2022, еден од најпознатите и највлијателни вински натпревари во светот, каде вината се оценуваат од врвни вински експерти од целиот свет.

Како дел од наградените винарии се среќаваат винарниците „Тиквеш“, „Далвина“, „Венец“, „Пуклавец“, „Камник“.

Многубројните награди за македонските вина се показател за квалитетот на вината и врвните способности и вложениот труд на македонските производители на вино. Тие претставуваат огромно признание и дополнителен поттик.

Македонските винарници освоија еден платинест медал, четири златни медали, пет сребрени медали и 21 бронзен медал.

Платинест медал освои виното Мерак од „Тиквеш“, а четири златни медали освоија вината: Барово црвеноод „Тиквеш“, 56 Резерва од „Венец“, Хермес Каберне Совињон и Ар-Магедон Куве Барик од „Далвина“. Медали освоија и вината: Куве Де Престиж од „Камник“, Инстинкт Вранец од „Пуклавец“, Кориа Темјаника од „Венец“, Шардоне Домен Лепово од „Тиквеш“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...