Македонија

„Гемак трејд“ го проширува своето портфолио

04 Apr 2022

„Гемак трејд“ најави нови производи во своето портфолио. Станува збор за модерни и иновативни производи, од категоријата пијалаци, подготвени за консумација, дел од портфолиото на брендовите Smirnoff вотка и Gordon’s џин.

Светски познатиот и најпродаван џин London Dry – Gordon’s е комбинација на џин и тоник. Овој производ доаѓа во две варијанти Gordon’s & Tonic и Gordon’s Pink & Tonic, двата во лименка од 250мл.

Надоплонувајќи го добро познатиот Smirnoff Ice, новиот Smirnoff Ice Tropical е комбинација на овошен пунч и тропски вкус, направен со сода, Smirnoff No.21 вотка, манго и гуава. Производот доаѓа во модерно и стилско пакување од 275 мл.

Производите се веќе достапни во малопрадажба како и онлајн на веб-страницата на „Гемак трејд“.

„Гемак трејд“ е компанија која изминативе 30 години водена од иновација, храброст и интегритет работи на увоз и дистрибуција на пијалаци, тутунски производи, кафе и храна е лидер во регионот и ексклузивен стратешки партнер на светски најпродаваните брендови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...