Бескаматни и поволни кредитни линии се ставаат на располагање на компаниите за поддршка во време на енергетска криза, како дел од последниот пакет мерки што го усвои Владата. Кредитните линии се воспоставуваат преку Развојната банка, за што Владата завчера на седница усвои информација и го задолжи министерот за финансии да ги потпише договорите со Развојна банка за нивно администрирање.
Станува збор за три кредитни линии дизајнирани за поддршка на приватниот сектор, соопштија од Министерството за финансии.
Првата – бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании директно погодени од енергетската и економската криза преку директно кредитирање од РБСМ во износ од 5 милиони евра;
Втората – бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички во вредност од 10 милиони евра;
Третата - кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички во износ од 10 милиони евра. Интенцијата и начинот на кој се креирани кредитните линии, е покрај овие 25 милиони евра буџетски средства да генерираат дополнителни двојно повеќе средства и тоа над 40 милиони евра и со тоа да се даде позитивен импакт во економијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.