На две престижни меѓународни натпреварувања, што се одржаа во Кина и во Франција, вината на „Тиквеш“ и „Тиквеш Шату & Домен“ освоија седум златни и четири сребрени медали, како и една специјализирана награда.
На најголемиот и најпрестижен натпревар што се одржуваа во Хонг Конг - „China Wine & Spirits Awards - Best Value 2022“, Vranec Luda Mara 2019 освои двоен златен медал. Златен медал добија вината T’ga za Jug 2021 и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2019, а на виното Vase de Pierre 2017 му беше доделен сребрен медал.
Оценките на вината на овој вински натпревар ги даваат 100 вински судии, номинирани од најголемите увозници на вино, ресторани и специјализирани продавници во Кина, кои годишно увезуваат вино во вредност од над 20 милијарди долари. Нивните оценки воедно се и препорака за вината и информација за потрошувачите за тоа кое вино нуди најголема вредност во однос на цената и квалитетот.
Во Франција, вината на „Тиквеш“ и „Тиквеш Шату & Домен“ каде освоија седум златни медали и една специјализирана награда. Специјализираната награда беше доделена од списанието „Sommeliers International“ за црвеното вино Bela Voda red 2019. Ова вино доби и златен медал, заедно со Sauvignon Blanc Barovo 2021 и Bela Voda white 2021. Сребрен медал освоија вината Alexandria Cuvée Rose 2021, Domaine Lepovo Chardonnay 2021, како и Terrase a l’Ombre 2019.
Големиот успех на овие меѓународни натпревари е од исклучително значење за позиционирањето на овие вина на меѓународните пазари и за зајакнување на нивната конкурентност. Наградите се значајни и за целата македонска винска индустрија и придонесуваат за промоција на земјата како винска дестинација, соопштија од „Тиквеш“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.