Македонија

Македонија го ограничи извозот на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла

11 Mar 2022

Владата на Македонија на својата 26 седница донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки. Според оваа одлука се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед.

Одлуката е како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните, и како реципрочен одговор на сличните мерки што ги донесоа земјите во регионот, соопштија од Владата.

Во образложението се напоменува дека во Македонија, количини на пченица и пченка во приватните млинови, кои се различни од стоковите резерви, има доволно. Тука станува збор за количини за покривање на домашните потреби, односно во млиновите во земјата има преку 50.000 тони залихи од пченица, преку 10.000 тони пченка и над 8.000 тони јачмен, што се должи и на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година, на 253 илјади тони во 2021 година.

Воедно, од Владата соопштија дека стоковите резерви на основните производи како што се пченица, пченка, јачмен, сончогледово масло, нафтени деривати, и другите производи, ги има во доволни количини и нема потреба од дополнителна интервенција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...